(ВИДЕО) Погледнете како Чесите од 45. метри им дадоа гол на Шкотите

Чехот Патрик Шик (25) на Шкотска во Глазгов на Европското првенство и даде гол скоро од центарот. Се играше 52. минута од натпреварот од првото коло на групата Д кога чешкиот офанзивен играч шутираше од голема далечина и го префрли шкотскиот голман Дејвид Маршал за конечни 2:0.
Фудбалерот на Баер во полу-контра ја прими топката и брилијантно шутираше од 45,4 метри. Маршал беше далеку од својот гол и не можеше да ги спаси Шкотите.
Овој гол влегува во историјата на Европските шампионати како гол постигнат од најголемата далечина од 1980. година.
Шик го постигна и првиот погодок во 42-та минута.

Фото: Принтскрин/Youtube/sportklub

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …