Блитвата е ефтина и здрава, 5. причини зашто треба да ја јадеме

Меѓу изобилството на зеленчук со зелена боја што моментално се наоѓа на пазарот, не заборавајте на блитвата. Овој лиснат зеленчук е богат со супстанции кои имаат корисен ефект врз здравјето на очите и зачувувањето на видот.
Покрај тоа, блитвата, особено ако се јаде свежа во салата, позитивно влијае на варењето на храната, спречува формирање на хемороиди, го намалува нивото на лош холестерол, го подобрува функционирањето на црниот дроб и жолчното кесе и ги ублажува симптомите на гихт.


Блитвата се препорачува и за зајакнување на имунитетот, и има позитивен ефект врз здравјето на кожата и косата.
Витаминот К, кој се наоѓа во блитвата, е неопходен за коагулација на крвта и зачувување на коските. Потрошувачката на блитва ја зајакнува отпорноста на коските, спречува долгорочно крварење на раните и појава на хематоми при мозочни удари.



Овој зеленчук е корисен за формирање на коските и забите, и е неопходен за спречување на остеопороза, поради присуството на калциум. Блитвата е особено препорачлива за младите во развој и постарите лица, за да ги направат коските помалку кршливи. Ова растение е во исхраната на многу спортисти, бидејќи калциумот спречува непријатни грчеви во мускулите. Бремените жени и доилките исто така треба да консумираат блитва, со цел да внесат што е можно повеќе калциум во нивното тело.


Бидејќи содржи изобилство на железо и фолна киселина, блитвата е многу корисна за лекување на анемија.
Блитвата со своите лековити состојки ја подобрува циркулацијата, спречува висок крвен притисок и формирање на згрутчување на крвта во артериите, кои се одговорни за повеќето срцеви удари.
Бидејќи содржи многу магнезиум, се верува дека блитвата може да ослободи од депресија, главоболки, мигрена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …