(ФОТО) Фустаните на Кејт Мидлтон кои морате да ги имате: Англичанката ги победи првите дами на Франција и САД

Кејт Мидлтон се појави на Самитот Г7 и покажа дека не може да погреши кога станува збор за стилот на облекување!
Кејт Мидлтон присуствувашт на Самитот Г7 и сите погледи беа свртени кон неа! Секој пат кога таа ќе се појави на јавната сцена, сите се воодушевени од нејзиниот изглед.
Таа избра бел фустан за коктел во градината
Војвотката од Кембриџ се појави на Самитот Г7 рамо до рамо со првите дами од најмоќните земји во светот и ги засени! Во петокот вечерта, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, зад кралицата Елизабета, присуствуваа на самитот.

Нејзиниот мантил-фустан одговараше совршено.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Kate Middleton (@_kate_middleton_royal)

Англија против Франција: Победила Кејт
На првиот ден, таа облече прекрасен бел фустан со модел на мантил, со копчиња во два реда. Тоа е совршен избор за коктел забава што се одржува во градината. Изгледот го надополни со крем чевли и мала чанта. Иако цело време стоеше зад кралицата Елизабета и не сакаше да привлече внимание – сите погледи беа вперени во неа! Свеж изглед, насмеано лице и фантастична фигура со фустанот креиран од Александар Меквин, Кејт собра аплаузи.
Најинтересен беше нејзиниот разговор со Макрон и неговата сопруга Брижит, која исто така носеше бел фустан.

Англија против САД: Победила Кејт
За време на посетата во детско училиште во Корнвол со Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател, Кејт Мидлтон носела црвен фустан со ремен и нагласени раменици. Војвотката го обожава овој крој на фустани и убаво и стои, па веќе може да се нарече „фустанот на Кејт“.
Џил Бајден носеше бел фустан и розова јакна, па Кејт повторно ги собра сите пофалби за совршениот стајлинг и фустан на Александар Меквин.

Бидејќи принцот Вилијам секогаш е совршено стилизиран да одговара на фустаните на Кејт Мидлтон, а сепак да не доаѓа до израз, сите се согласиле дека неговиот стилист се прилагодува на војвотката, и тоа многу успешно!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …