Данците се’ откажале и ја објавиле состојбата на Ериксен

Најдобриот дански фудбалер, Кристијан Ериксен, заврши во болницата по хоророт во Копенхаген.
На крајот од првиот дел од натпреварот со Финците, Ериксен колабираше на теренот, лекарите се бореа за неговиот живот и тој веднаш беше пренесен во болница.
Во меѓувреме, тој се освести, а сега имаме информации за новиот ден.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)


Ноќта во болницата поминала без никакви проблеми за играчот за врска на Интер, кој беше под строг лекарски надзор
„Утрово разговаравме со Кристијан Ериксен, кој им испрати поздрав на своите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и останува во болница за понатамошни испитувања. Тимот и стручниот штаб на националниот тим добија кризна помош и ќе продолжат да бидат тука едни за други после вчерашниот инцидент. Би сакале да се заблагодариме на сите за срдечните поздрави до Кристијан Ериксен од навивачите, играчите, кралското семејство, Данска, Англија… “, се наведува во соопштението на ФС Данска.

„Динамитите“ имаа закажано тренинг за напладне, но го откажаа поради нови околности.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) АМЕРИКА ВО ЧУДО: Тениската легенда им ги отворила очите – Е, ова е Новак Ѓоковиќ!

НОВАК Ѓоковиќ неодамна беше депортиран од Австралија затоа што, според мислењето на властите, тој е …