(ВИДЕО) Реакцијата на момче со чуден синдром кога прв пат ќе ги види своите родители ги топи и најтврдите срца!

Нема кој не би заплачел…
Џејкон Амбертон, тригодишно момче, е родено со хромозомска абнормалност позната како Дигеоргов синдром, болест што предизвикува слаб развој на целиот систем на тело.
Поради тоа, тој имал многу потешкотии како бебе, а неодамна ги изненадил родителите со слатка насмевка, откако му ги ставиле очилата, со кои ги видел по прв пат.
Поради болеста, родителите не сфатиле дека бебето не може да гледа добро, а лекарите кога го прегледале утврдиле дека мора да носи очила со високи диоптрија.
Пред тоа, детето исто така имало две тешки операции на срцето, и морало да направи трахеотомија, за детето да може да дише со помош на вентилатор, бидејќи белите дробови му биле недоволно развиени.
– Кога му ги ставивме очилата, тоа беше еден од најневеројатните моменти. Беше непроценливо да се погледне реакцијата на неговото мало лице во тој момент – изјавил Чарлс Амбертон, таткото на Џејкон.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …