(ВИДЕО+ФОТО) Крејчикова на париската земја до првата Грен Слем титула во сингл

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова ја освои титулата на Ролан Гарос. Во финалето ја победи Анастасија Павличенкова со 6:1, 2:6, 6:4 во три сета.
Дуелот меѓу Чехињата и Русинката траеше еден час и 56 минути.
Крејчикова целосно доминираше во првиот сет и и’ дозволи на својта ривалка само еден гем на свој сервис, првиот на мечот.
Во продолжение, таа го одзеде сервисот на ривалот трипати и брзо стигна до предност.

Анастасија подобро го отвори вториот сет, поведе со 5:1, а потоа мирно го приведе вториот сет кон крајот.
Во решавачкиот сет, Чехињата, која е 33-та на ВТА-листата, прва стигна до брејк, Русинката веднаш одговори, но Крејчикова направи уште еден брејк и ја одржуваше предноста до крајот.

За Крејчикова тоа е прва Грен слем титула во нејзината кариера во сингл. Во конкуренција на двојки, таа веќе ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во 2018 година, а за оваа во Париз, оваа година, ќе игра утре.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …