(ВИДЕО+ФОТО) Кралот на земја е соборен: Ѓоковиќ е во финалето на Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Ролан Гарос! Најдобриот тенисер на светот му ја одзеде круната на Рафаел Надал, совладувајќи го во полуфиналето со 3:6, 6:3, 7:6 (4), 6:2.
Каков меч! Каков тенис! Каква победа на Новак Ѓоковиќ над Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос! Ноле по пресвртот го победи 13-кратниот шампион и ја обезбеди борбата за титулата.

Ѓоковиќ ќе игра финалето во Париз по шести пат во кариерата. Србинот во недела ќе се бори за 19-та грен слем титула, втора во Париз, а ривал ќе му биде Стефанос Циципас.
Тоа ќе биде 29-то финале на Грен слем турнирите за Новак.


Надал никогаш не загубил во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанецот го доживеа првиот пораз во Париз од 2015 година – тогаш беше елиминиран од Ѓоковиќ во четвртфиналето. Вкупно, ова беше трет пораз на „кралот на земјата“ на вториот Грен слем во сезоната, а Новак му нанесе два.

Серијата на Надал, кој освои титули од 2017 година, е прекината.

Ѓоковиќ води со 30:28 во меѓусебните дуели со „кралот на земјата“.

Фото: Novak Djokovic Fan Club/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …