5 митови за замрзнатите производи во коишто не треба да верувате  

Доколку барате здрав и брз оброк што можете да го зготвите дома, можеби сте го занемариле едно од најдобрите места за барање – фрижидерите за замрзната храна. Додека некои во замрзната храна само гледаат погодност, другизнаат дека некои од најдобрите јадења во супермаркетите можат да се најдат токму зад стаклените врати на фрижидерите.

Во продолжение 5 митови за замрзнатата храна во кои луѓето веруваат:

Мит: Замрзната храна содржи конзерванси.

Ова е една од најчестите заблуди. За замрзнување на храната воопшто не се користатконзерванси бидејќи замрзнувањето само по себе делува како природен конзерванс. 

Мит: Свежиот зеленчук е подобар од замрзнатиот зеленчук.

Додека зеленчукот од пиљара можеби изгледа посвежо, вистината е дека тој се бере неколку дена, недели или дури месеци порано. Замрзнатиот зеленчук, пак, се замрзнува веднаш по берење и на тој начин се зачувува квалитетот и вкусот, со што се обезбедува еднаква хранливост како и свежиот од зелен пазар. Па така, бидејќи замрзнатиот зеленчук има подолг рок на траење, вие всушност може да заштедите пари со тоа што нема да фрлате храна која се расипала изложена пред да ја консумирате.

Мит: Замрзнување на претходно замрзната храна е лошо

Често ви се случува да се премислите за вечера откако веќе сте го одмрзнале свинското месо? Во ред е, може да го замрзнете повторно, ако пред сèсте го одмрзнале правилно.Замрзната храна која стои во фрижидер, а не на собна температура, може да се врати во замрзнувачот. Меѓутоа, ако ја оставите надвор од фрижидерот, не се препорачува повторно замрзнување.

Мит: Безбедно е да се одмрзнува храната на собна температура

Оставањето на замрзнатата храна на собна температура предолго не е целосно безбедно. Најбезбеден начин за одмрзнување е во фрижидер. Ваквиот начин, покрај тоа што е безбеден, дополнително ви дава шанса да се премислите и повторно да ја вратите во замрзнувач.

Мит: На замрзнатата храна и истекува рокот на траење

„Замрзнатата храна останува безбедна на неодредено време“, вели регистрираната нутриционисткадиетичаркаКаролинПасерело, портпарол на Американската академија за исхрана и диететика. Дополнително, постои листа на која, според релевантниот медиум кој се користи во Америка, се наведува кој тип храна колку време може да стои во замрзнувач.

Сепак, најважно од сè за безбедноста на замрзнатата храна е начинот на кој таа е замрзната и чувана. Токму тоа го велат и од Слога Пром која како компанија веќе 30 години се занимава со дистрибуција на замрзнато месо, овошје и зеленчук. Дополнително,следењето на високите стандарди и знаењето за специфичните карактеристики на секој вид месо се од исклучителна важност при обезбедување највисок квалитет на замрзнатата храна.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …