(ФОТО) ПАМПАС, најголем тренд за декорирање на домот: Неколку начини да го вметнете во ентериерот!

Пампас е еден од најновите трендови кога станува збор за украсување на домот.
Пампас е од семејството трева, и потекнува од Јужна Америка, поточно, Аргентина, Уругвај и јужниот дел на Бразил. Наречен е по пампасите на кои расте, тревните степи на југоистокот на Јужна Америка
Секоја соба може да ја претвори во гламурозна, а минималистичките бели sидови ќе изгледаат сосема поинаку со само едно стебленце пампас.

Пампаси и домашна декорација
Беж боја на ѕидот
Оваа година е во духот на минимализмот, па беж тоновите би биле идеална варијанта. Тревнатото стебло на пампасите ќе додаде уште помека текстура на овој ентериер.

Бохо ентериер
Покрај беж, во модерен ентериер, важни улоги играат нежно розовите ѕидови или детали. Елегантна, модерна и пријатна розова во комбинација со кафеави бои на пампаси ќе и дадат на секоја соба нота на стилот на бохо.

Големи вазни
Ако се прашувавте како треба да изгледа вазна за интересни пампаси, одговорот е многу едноставен, се’ што ви треба е голема вазна. Подот е идеално место за голема вазна во која пампасите ќе добијат целосен сјај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …