ЛЕЌА јаделе и СТАРИТЕ ЕГИПЌАНИ а денес ја запоставуваме: Колку е важно во исхраната!

Леќата е една од најстарите хранливи намирници во светот.
Постојат намирници кои најчесто ги забораваме и не знаеме колку можат да придонесат за здравјето на организмот.
Една таква намирница е леќата. Се смета за една од најстарите хранливи состојки во светот, а Египќаните некогаш ја сметале леќата како кралска храна. Слична е на гравот, ја има во разни бои, но за разлика од гравот, леќата никогаш не се јаде свежа, туку прво се суши.
Леќата е лесно достапна намирница, пристапна и прилично прилагодлива, така што може да се додаде во супи, салати, сосови и варива.

Леќа и здравје
Содржи 12 грама протеини и девет грама влакна. Исто така е богата со антиоксиданти и минерали, вклучувајќи фолати, железо и манган. Леќата содржи и калиум, калциум и магнезиум, што може да има корисен ефект врз регулирањето на крвниот притисок.
Додавањето влакна во исхраната може да го намали нивото на лош холестерол, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања.
Нејзините влакна помагаат во одржување на здравјето на цревата, го контролираат шеќерот во крвта, ја намалуваат тежината и можноста за развој на дијабетес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОМБИНАЦИИ НА ХРАНА КОИ СЕ УБИСТВЕНИ ЗА ОРГАНИЗМОТ: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно!

Нутриционистите тврдат дека изборот на храна е исто толку важен колку и комбинирањето на една …