(ФОТО) ТРАГЕДИЈА – Заскитан куршум усмртил бремена 24-годишна инфлуенсерка и нејзиното неродено дете

БРЕМЕНА ѕвезда на Инстаграм и нејзиното неродено дете биле убиени за време на пукање на полицијата.
Катлен де Оливеира Ромеу (24) била убиен од заскитан куршум за време на пукање во Линс де Васконселос, Бразил, на околу 15. километри западно од Рио де Жанеиро. Таа била итно пренесена во болница, но починала на патот, пренесува Daily Star.
Катлен, која неодамна се преселила токму поради насилството во нејзиното соседство, ја споделила веста за својата бременост со повеќе од 20.000 следбеници на Инстаграм. Само два часа пред да биде убиена, таа објавила фотографија од трудничкиот стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHLEN ROMEU (@eukathlenromeu)

Полицијата ја потврдила смртта на Катлен за време на пукање меѓу полицајци и криминална банда. Во соопштението се додава дека ќе биде покрената истрага кој ја застрелал. Патот во близина морал да биде затворен откако убиството предизвикало силен протест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHLEN ROMEU (@eukathlenromeu)

Реалити sездата Телма Асис, која победила во бразилската верзија на Големиот брат, изразила тага на социјалните мрежи, како и многу други. „24 години. Млада и полна со живот. Толку многу скршени семејства, толку многу скршени животи …”, напишала таа. „Овој геноцид мора да престане. Нема зборови што можат да го утешат семејството на Катлен Ромео и многу други“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHLEN ROMEU (@eukathlenromeu)

И нејзиниот партнер Марсело Рамос се збогувал со трогателни зборови. И многу други под нејзините објави на Инстаграм пишуваат пораки со сочувство до нејзиното семејство и познаници.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 19.06.2021: Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања, но вие сте толерантни и со разбирање за лицето кое ја користи вашата добра волја…

Овен Љубов: Ако сте млади или слободни, не двоумете се пред личност која ви испраќа …