(ФОТО) Новата љубов на Енгин Акјурек

Последниве денови, социјалните мрежи се разбранувани поради ново тврдење за потенцијална љубовна авантура на славниот турски актер Енгин Акјурек. Гласините дека Енгин запловил во нова љубовна авантура не стивнуваат. Сепак, нема никаква изјава, ниту слика од страна на Енгин и неговата нова потенцијална избраничка.
Шармантниот актер Енгин Акјурек во јавноста е познат по неговиот извонреден талент, како и фактот дека не сака да открива и објаснува за својот приватен живот. Во минатото постојат неколку периоди кога гласините за неговите нови љубови ги краселе насловните страници на таблоидите, но тој никогаш не се огласил во врска со истите.


Новата љубов на Енгин се вели дека е Пинар Дениз, една од ѕвездите на нова популарна турска серија која штотуку започна со емитување. Според тврдењата на турските таблоиди, се претпоставува дека тие се заедно веќе некое време. Иако веќе е бесмислено да се очекува потврда од страна на Акјурек, овој пат ниту Дениз се има огласено по повод ваквите шпекулации.
На Акјурек ова не му се случува прв пат. Последни шпекулации се јавија за можната романса со неговата колешка Туба Бујукустун од серијата „Валкани пари и љубов“. Несомнена е нивната заразна хемија во серијата па оттаму кај многу фанови се јави надеж за нивната љубов и во реалниот живот.

„Валкани пари и љубов“ е модерна и комплицирана љубовна приказна која зазема централно место во едно непредвидлива приказна за криминал, тајни и предавство. Оваа драма ја следи љубовта на Омер и Елиф (Акјурек и Бујукустун) чии што судбини се спојуваат во една. Тие прв пат се среќаваат вечерта кога вереницата на Омер и таткото на Елиф се убиени заедно во сообраќајна несреќа.

Омер започнува истрага со цел да го пронајде убиецот на својата вереница, а пак Елиф постепено го открива вистинското лице на својот татко кој всушност бил шеф на мафија за перење пари. Нивните патишта постојано се пресретнуваат и тие започнуваат да се борат и за нивната љубов среде трка до вистината и украдени дијаманти.

Оваа извонредна серија може да ја гледате на каналот Дизи, секој ден во 20:35 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шехерезада го открила полот на третото дете!

Само една година по пристигнувањето на вториот син, еден од најпопуларните турски парови, 50-годишниот Халит …