Во Грција нови олеснителни мерки – стапуваат на 12. јуни!

Грција од 12. јуни ќе го скрати ноќниот полициски час и ќе дозволи музика во отворените делови на локалот, објавија тамошните власти.
Бидејќи епидемијата полека се смирува, мерките за превенција за ширење на короната полека се олеснуваат во Грција. Новата одлука, која треба да стапи на сила на 12. јуни, се однесува на музиката во кафеаните. Туристите секако ќе бидат среќни што ќе можат да уживаат во музиката во отворените делови на ресторанот наменети за гости на седење.
Полицискиот час ќе трае од 01:30 до пет часот наутро, пренесува USNews.
„Постепено ќе ги олесниме мерките во следните недели“, рекол Никос Хардалиас од Министерството за цивилна заштита, додавајќи дека полицискиот час најверојатно ќе биде целосно укинат од почетокот на јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

8. ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНАТА ИЗМАМУВА: Поради ОВА секоја ќе направи прељуба!

Кога жената доаѓа во овие 8 ситуации, таа обично прибегнува кон прељуба Од детството, жените …