(ВИДЕО) ЏезВез“ со нова преработка: „Бело лице љубам јас“ со Дани, Сара и Ана!

По врвната обработка на „Каранфило филфило моме“ објавена неодамна, ЏезВез продолжува во истиот џез манир со втора обработка на, за нас добро познатата, „Бело лице љубам јас“, од вчера достапна со видео запис на YouTube на следниот линк:

Кога ќе помислиме дека не постои подобро од препознатливото и оригиналното, вистинско освежување и доказ во спротивното ни приредуваат овие музички уметници. Вокалниот вовед кој не ја наговестува содржината на тоа што следи, аранжманското решение, солистичките партии и совршено искршениот ритам се одлика на ова музичко парче.

„Предизвикот и одговорноста да се обработува стара македонска песна е секогаш голем. Целта е секогаш иста, а тоа е да се даде едно ново “руво” нов призвук, белег на времето кое го живееме и секако, да се доближи тоа до што поголем број на публика, особено на помладата генерација која многу од старите песни воопшто не ги знае. Составот од музичари изведувачи кој го нарековме ЏезВез и позитивната енергија која ја имаат сите кои се дел од приказната,за мене претставува голема инспирација и можност за “експериментирање” во аранжманите.  Сакам секоја песна да добие своја, поинаква приказна од оргиналната, а при тоа да се задржи нејзиниот фундамент и богатство.Одиме понатаму!“, изјавува Никола Мицевски.

„ЏезВез е совршен приказ на сите различности по нарав, а сепак исти по суштина. Збир на зрела екипа, високо-свесна за вредноста и значењето за овие песни живеат! Во моментов работиме на преубав материјал и пресреќна сум за ова ново искуство кое ми отвори нови димензии; овозможи различен пристап, поинакво пеење, но секогаш со истото срцебиење. Слушајте македонска музика другари!“, порачува Дани Димитровска.

ЏезВез нуди уникатна приказна и таа ќе трае. Допрва следуваат изведби кои ќе го задржат вниманието на публиката, а ќе нѐ потсетат дека и ова е совршен начин на негување на изворното.

До следната нивна креација – уживајте!

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …