(ВИДЕО) Скандалот „Лилибет“ го тресе британскиот кралски двор

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, наводно не се консултирале со кралицата Елизабета Втора при изборот на името за нивната ќерка Лилибет, тврди извор од Бакингемската палата за Би-Би-Си.
Од друга страна, извор близок до Хари и Меган изјавил дека принцот разговарал со кралицата пред раѓањето на неговата ќерка – и дека тој „го спомнал“ тоа име, меѓутоа, извор од Палатата тврди дека не било така. Во неодамнешната изјава, извор близок до Хари нагласува дека парот не би го користел тоа име ако кралицата не ја искажела својата поддршка.
„Војводата разговараше со семејството пред да го објави името, а неговата баба всушност беше првиот член на семејството што го повикал. За време на тој разговор, тој споделил желба да ја нарече ќерка си Лилибет по неа. Да не го поддржала, тие немаше да го употребат тоа име“, изјавил извор близок до Хари.
Сепак, од Бакингемската палата можат да се слушнат различни информации.

Двојката ја нарече својата ќерка по кралицата Елизабета Втора, поточно по нејзиниот прекар во приватното семејство (така и се ословувале дедото и сопругот). Овој прекар настанал уште кога кралицата била дете и не можела правилно да го изговори своето име.

Кралицата го видела бебето?
Хари и Меган наводно ја запознале својата ќерка со кралицата Елизабета Втора. Извори од списанието „Пипл“ тврдат дека кралицата Елизабета наводно преку видео повик го запознала новиот член на семејството. Немало официјална потврда од Бакингемската палата за овој настан, па засега сè останува на ниво на шпекулации.

Елизабета Втора го поканила Хари на ручек?
Британските медиуми исто така напишаа дека Елизабета Втора му понудила рака на помирување на својот внук, принцот Хари. Таа, наводно, го поканила својот внук на ручек кога тој ќе дојде во Велика Британија во јули оваа година. Сè уште не е официјално познато дали Хари навистина ќе дојде во Велика Британија да присуствува на откривањето на статуата во чест на неговата покојна мајка, принцезата Дајана.

Лилибет (сè уште) не е принцеза
Иако Хари и Меган го напуштија кралското семејство и своите должности, но принцот Хари и неговите деца остануваат во низата наследници на британскиот трон. Лилибет ќе биде осма на ред за британскиот трон, веднаш зад нејзиниот брат Арчи и таткото, принцот Хари.
Лилибет ја нема титулата принцеза, исто како што нејзиниот брат ја нема титулата принц, но тоа се очекува да се смени кога кралицата Елизабета ќе умре, а принцот Чарлс ќе го наследи престолот. Малата Лилибет е петто внуче на принцот Чарлс.
Таа има право да ја користи тутулата на Лејди, но најверојатно ќе користи поедноставна верзија на Мис, според желбите на Хари и Меган, пишува Дејли Меил. Малиот Арчи има право да користи една од насловите на неговиот татко или едноставно да му се обраќаат како лорд Арчи.

Медиумите пишуваа дека Хари и Меган одлучиле нивните деца да немаат титули, за да можат да живеат понормален живот. Хари и Меган еднаш рекоа дека ќе имаат само две деца, а истото го повторија и за време на интервјуто со Опра Винфри.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …