Важни знаци кои ви ги испраќа телото со прекумерното потење

Вие сте во опасност од топлотен удар
Шетате во текот на жешкиот летен ден и во еден момент се чувствувате како повеќе не се потите и чувствувате вртоглавица. Она што го доживувате се нарекува анхидроза, состојба во која не можете да се потите нормално и за време на која вашето тело не може да се „олади“ со потење.
Доколку во тој момент не го хидрирате вашето тело со вода, вие сте во опасност од топлотен удар. Засолнете се на ладно или малку климатизирано место и пијте вода. Никогаш не пијте алкохолни пијалоци или пијалоци со кофеин, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.

Ви се намалил шеќерот
Зголеменото потење е еден од симптомите на ненадеен пад на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно можете да го решите со конзумирање чоколадо или било какви слатки што ќе ви се најдат при рака.

Вие сте бремена или влегувате во менопауза
Ако постои можност да сте бремени или пред менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето.
Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот систем може да предизвикаат зголемено потење. Ова е токму она што им се случува на повеќето жени кои влегуваат во менопауза и се борат со топли бранови (валунзи).
Слична работа се случува на почетокот на бременоста. Тогаш хормоналните промени предизвикуваат промена во „термостатот“ на мозокот, поради што може да ја почувствувате топлината дури и во климатизирани простории и да се потите повеќе.

Имате хипердриоза
Ако не можете да ја пронајдете причината за зголеменото потење, посетете лекар затоа што може да имате хипердријаза.
Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење што ги надминува потребите за нормална терморегулација на телото.
Луѓето кои имаат хипердријаза се потат кога не треба, на пример кога седат целосно мирни во ладна просторија. Нивното потење е прекумерно до степен што во такви моменти пот ќе им капе од дланките.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали е поздрав полномрсниот или „лајт“ јогурт

Луѓето често бегаат од млечни производи со маснотии, бидејќи мислат дека предизвикуваат висок холестерол, но …