Двете легенди на терен: Ѓоковиќ против Беретини во вечерниот термин, а Надал со Шварцман

Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер во светот, во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе ги одмери силите со Матео Беретини во среда навечер, односно не пред 20. часот.
Тоа ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу Србинот и Италијанецот. Единствениот натпревар досега го доби Ѓоковиќ убедливо со 6:2, 6:1 на последниот Мастерс во Лондон.


Новак ќе игра за место во своето 11-то полуфинале во Париз, додека Матео за прв пат во кариерата стигна до најдобрите осум во француската престолнина.
Пред дуелот помеѓу Србите и Италијанците, на стадионот „Филип Шатрије“ ќе се играат две женски четвртфиналиња и едно машко. Најпрво на теренот ќе излезат Гоф (САД) и Крејчикова (Чешка) во 11. часот, а по нив ќе се натпреваруваат Гркинката, Сакари и бранителот на титулата, Полјачката, Ига Швјонтек.


Шпанецот Рафаел Надал и Аргентинецот Диего Шварцман со својот натпревар ќе ја завршат дневната програма на главниот терен.

Фото: atptour

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве што прави Златан додека Шведска е на Евро: Погледнете го видеото од 4. милиони лајкови!

ШВЕДСКА одлично турка на Евро без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од …