ЕВЕ КАКО КОНЕЧНО ДА ГИ ИЗБРКАТЕ КОМАРЦИТЕ ОД ДОМОТ: 3. трикови кои проверено делуваат!

Потребни ви се само неколку состојки од кујната и нема да имате проблеми со комарците
Комарците знаат како да ги претворат нашите животи во „пекол“. Убавото време е тука и ги има сè повеќе, па затоа е добро да ги знаете овие трикови. Ова се целосно природни средства, а веројатно веќе ги имате сите состојки за подготовка дома.

Мирисна течност што комарците ја мразат 
Направете ја оваа течност, истурете ја во сад, ставете мала свеќа што може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.
Ќе ви требаат:
2 лимони
2 лимета
неколку гранчиња рузмарин
8-10 капки есенцијално масло од еукалиптус
малку вода
пловечка свеќа
Постапка: многу е едноставно. Во стаклена чаша ставете вода, лимон, лимета и рузмарин. Додадете еукалиптус и поставете пловечка свеќа на врвот.


Каранфилчето и лимонот се спас од овие крвопијци
Преполовете неколку лимони или лимета и избоцкајте ги со околу 10 каранфилчиња, во центарот. Распоредете ги лимоните по станот, каде поминувате најмногу време, и тоа е тоа.


Мириси за кои е докажано дека одбиваат комарци
На комарците не им одговара мирисот на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, матичњак, еукалиптус … И сувиот талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин да ги зовриете во вода и, конечно, можете да користите и етерични масла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …