(ФОТО) СЕ ОГЛАСИЛА КРАЛИЦАТА: Еве што рекла после раѓањето на правнуката!

БРИТАНСКИТЕ медиуми пишуваат дека кралицата Елизабета е пресреќна откако нејзиниот внук принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја објавија веста за раѓањето на нивната ќерка.
Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатн-Виндзор е 11-то правнуче на Елизабета, а таа е родена во петокот во болница во Санта Барбара, Калифорнија.
По повод доаѓањето на свет на Лилибет се огласила и Меган Маркл на нејзината официјална страна на Инстаграм.

Лилибет бил прекар на кралицата кога била дете.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол се информирани и воодушевени од веста“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Таткото на Хари, принцот Чарлс, исто така објавил на социјалните мрежи за добрата вест.
„Честитки за Хари, Меган и Арчи за доаѓањето на бебето Лилибет Дајана. Им посакувам се најдобро во ова посебно време“.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изјавиле дека сите се „воодушевени од среќната вест за доаѓањето на бебето Лили“.
Премиерот Борис Џонсон на парот му испратил „многу честитки“.

Фото: Принтскрин/Instagram/монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Хрватска глумица во најмало бикини на сите времиња

Коментарите не изостанале, а сите на хрватската актерка Мада Першиќ и порачуваат дека е згодна, …