(ФОТО) Федерер се повлече од Ролан Гарос

РОЏЕР ФЕДЕРЕР се повлече од Ролан Гарос и нема да игра во осминафиналето против Матео Беретини, објави денеска швајцарскиот тенисер.
Тој претходно најави дека ќе треба да ја разгледа и процени ситуацијата поради болка во коленото по тричасовниот натпревар против Доминик Копфер. Федерер минатата година двапати беше на операција на коленото.


„Откако разговарав со тимот, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и над една година рехабилитација, важно е да го слушам моето тело и да не претерувам на патот кон целосно закрепнување. Воодушевен сум што одиграв три натпревари. Нема подобри чувства отколку да се вратите на теренот”, рекол Федерер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Целта на Федерер е да биде максимално подготвен за Вимблдон, кој се игра од 28. јуни до 11. јули, па тој не сака да ризикува влошување на здравствената состојба во Франција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …