(ФОТО) Баку е на Перес, самрак на Хамилтон, на Ферстапен му пукна гума!

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез триумфираше на Големата награда на Азербејџан, шестата трка од годинашниот шампионат во Формула 1. Мексиканецот на совршен начин ги искористи проблемите и грешките на двајцата главни кандидати за титулата, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Перез на улиците на Баку дојде до втората победа во кариерата, а првата во боите на Ред Бул. Најблиску до него беше Себастијан Фетел во болидот на „Астон Мартин“, за кого ова е прв подиум во тој тим, додека возачот на „Алфа Таури“, Пјер Гасли, беше на третото постолје од подиумот.


Големата награда на Азербејџан имаше два дела – првиот од 48. круга и вториот од само два круга. Во тоа првото, Ферстапен беше тој што контролираше практично сè од моментот кога поведе, откако сите возачи направија промена на гумата. Холанѓанецот профитираше од подолгиот застој на Хамилтон, бидејќи актуелниот шампион дојде до првото место со претекнување на победникот од пол-позицијата, Шарл Леклерк.

Хамилтон не само што го загуби водството, туку и втората позиција, бидејќи Перез исто така излезе од боксот пред него, а потоа заглави зад Мексиканецот. Во одредени моменти, тој беше доволно близу да го нападне, но не успеа во тоа, дури и кога доби нова можност со тоа што на патеката доби безбедносно возило откако пукнаа гумите на автомобилот на Ленс Строл.

До пет круга пред крајот се чинеше дека Ферстапен е на совршен пат до триумф, сепак му се случи истото што и на Строл. На возачот на Ред Бул му пукна задната лева гума, по што удри во ѕидот, а на патеката излезе безбедносно возило. Сепак, австрискиот тим и порача на управата на трката дека не добиле никакво предупредување дека гумата достигнала точка на пукање и дека е најдобро да се истакне црвеното знаме.

Прекинот на трката траеше околу половина час, а кога продолжи, Хамилтон започна да го напаѓа Перез, но тој само продолжи во уличка покрај патеката и така остана без бодови. Мексиканецот остана во водство, пред Фетел, кој дури водеше неколку круга во првиот дел од трката, бидејќи тој последен отиде во бокс. Зад нив двајца одлично се бореа Гасли и Леклерк, за на крајот Французинот да ја однесе победата со секунда предност.

Најдобар меѓу другите беше Ландо Норис во Мекларен, пред возачите на Алпин, Фернандо Алонсо и Јуки Кунода во болидот на Алфа Таури. Победниците на поените ги комплетираа вториот возач на Ферари, Карлос Саинс јуниор, Даниел Рикардо во Мекларен и Кими Раконен, кој ги брани боите на Алфа Ромео. На крајот, Хамилтон ја мина целта како 15, а лошиот ден за Мерцедес го комплетираше Валтери Ботас, кој го зазеде 12-то место.

Најбрзиот круг на трката го извози Ферстапен, а бидејќи не стигна до целта, тој не го освои тој бод.
Немаше промени во самиот врв на генералниот пласман, бидејќи Ферстапен остана на 105 бода, а Хамилтон има четири помалку, сепак, Перез се пласираше на третото место и сега има 69.

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Франција на 20 јуни.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Потоп во Црна Гора и опрема за нуркање. Ова е јавувањето на финските новинари од Подгорица

ЦРНА ГОРА во последното коло од втората група на Лигата на нации ја угости Финска, …