Британскиот министер за здравство со предупредување: Овој вид е уште позаразен!

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок денеска предупредил дека е рано да се каже дали ограничувачките мерки ќе бидат укинати на 21. јуни.
И тоа е откако последните извештаи покажале дека новиот вид „делта“ е 40% позаразен од британскиот.
Институтот за јавно здравје на Англија во четвртокот објави дека (индискиот) делта сој, сега е доминантен во Велика Британија, бидејќи бројот на заразени скокнал од 5.472 на 12.431, објави „Miror“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Hancock (@matthancockmp)

„Рековме дека ќе им дадеме на луѓето доволно време да се подготват за 21. јуни, кога е закажан следниот чекор (за ублажување на мерките), и она што е важно е да видиме дали ќе бидат исполнети нашите услови што ги поставивме“, рекол Ханкок
Тој им дал надеж на Британците дека мерките може да се намалат на 21. јуни и додал дека бројот на хоспитализации е „еднаков“, иако бројот на заболени е зголемен во претходните недели.
Ханкок, сепак, додал дека е важно да се види влијанието на „новиот, делта (индиски) вид“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светата маченичка Харитина: Христијанка која заблудените ги водеше кон саканиот Христос!

Според вечниот православен календарот на МПЦ денеска е Светата маченичка Харитина Во детството како сираче …