(ФОТО) Цела Југославија го ОБОЖУВАЛА, а потоа е ЗАБОРАВЕН – Еве како денес изгледа Вајта!

Вајт некогаш важеше за најинтересниот пејач во поранешна Југославија…
Сеид Мемиќ Вајта е многу добро познат на оние кои се родени во педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Овој познат југословенски пејач е роден во Травник, а многумина го познаваат како фронтмен на групата „Тешка индустрија“, додека во 1975. година важеше за најинтересниот пејач кој се појави на музичката сцена во тоа време.
Во дамнешната 1981. година настапи на Евровизија со песната „Лејла“ со која го освои 15-то место.

После тоа, истата година, тој победи на Сплитскиот фестивал со „Песната на морнарот“ и беше прогласен за пејач на годината. Следната година, во 1982 година, Вајта беше пејач на годината и победник на фестивалот „Ваш шлагер на сезоната“ со песната „Наша песна“. Го издава албумот „Теби пјевам“ и го продава во платинест тираж. Неговата следна плоча „Кога булбулите пеат“ (1984) имаше златен тираж, а настапи и награди само се нижеа.


Често се појавуваше на телевизија, во шоу програми, како и во добро позната, наградувана детска емисија „Неделен забавник“. Таму Вајт глумеше, пееше и компонираше песни. Играше и во ТВ-емисијата за млади со бајките на Теверсен и бројни претстави, претежно за деца и млади. Тој исто така глумеше во филмот „Нечиста крв“ од Стојан Стојичиќ. На почетокот на војната, тој се преселил во Хамбург, каде сè уште живее и се бави со музика.
Вајта сепак често доаѓал во Травник и сараево и изјавил:


– Многу е сменето… Сега генерацијата Гугл пристигна и ете доволно е тоа да се каже. Сосема е поинаку. Како што би рекле музичарите, порано се снимало и свирело поаналогно. Списокот е, многу густ, од овие промени. Гледам Евровизија… О, не е нешто посебно за мене, но таму е присутна, па гледам. Следам, но има голема разлика, вели Вајта.
Инаку, во 1981 година, придружните вокали му пееле Неда Украден, Исмета Дервоз и Јадранка Стојаковиќ. Со оглед на тоа дека на денешните млади sвезди им е тешко да се согласат да пеат придружни вокали на некого, по тој повод Вајта вели.


– Па, се дружевме, бевме пријатели. Ние сме од една продукција. Не е важно кој ќе биде соло, кој ќе пее во позадина и така натаму. И порано имаше суети, но ние подобро функциониравме – истакнал славниот музичар.
Во почетокот на војната, тој заминал во Хамбург, каде ја запознал својата сопруга Војка, за која вели дека му е најголема поддршка и пријател во текот на целиот живот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …