Новак фуриозно до осминафиналето на РГ, следи Музети

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Ролан Гарос. Тој во третото коло го победи Рикардас Беранкис со 6:1, 6:4, 6:1
Дуелот против Литванецот траеше само еден час и 34 минути, а најдобриот светски тенисер најави доминација на стартот кога поведе со 5-0 за само 19 минути игра.

Новак доминираше апсолутно во сите сегменти од играта, сервираше подобро, имаше пет ас поени, во вториот сет само еднаш му го одзеде сервисот на неговиот ривал, но во последниот сет тоа го стори трипати и не му дозволи на Беранкис да ја најде неговата игра.

Следен ривал на Новак ќе биде суперталентираниот Италијанец Лоренцо Музети.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …