Акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар – Светски ден на животната средина

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска спроведуваат акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар. Во реализирањето на активностите се ангажирани 40 работници на терен, додека од  механизацијата се употребуваат три автоцистерни, три специјални комунални возила-метларки, две специјални комунални возила-патарки и едно специјално комунално возило-трактор.

„Акцијата за генерално чистење ќе започне на полигонот за обука на возачи под Скопското Кале и ќе продолжи на кејот на реката Вардар. Активностите ги спроведуваме во координација со Градот Скопје и останатите јавни претпријатија, со цел овој простор да прерасне во уште поатрактивна локација за рекреација на жителите на нашиот град.” – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот апостол Филип ѓакон: Ова задолжително изговорете го за оздравување на вашите блиски!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.Православните верници денес го одбележуваат светиот …