(ФОТО) Кина направила експеримент: Жителите на Хуакси возат мерцедеси а се’ друго е мистерија

Селото Хуакси во кинеската провинција Џиангсу е најбогато во Кина и е вистинска мистерија.
За 55. години, Хуакси се претворило од сиромашно селце во луксузен рај. Кина има безброј села, а за повеќето жители Хуакси се смета за еден вид комунистички рај.
Познато е, пред сè, по својот исклучително висок животен стандард. Облакодери што го „кинат“ небото, јавен превоз се хеликоптери, а станиците се приватни хелиодроми. Вилите се идентични и луксузни, моделирани по пагоди, а жителите возат најскапи автомобили.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Lotus News (@lotusnews_)


Како се збогатиле?
Но, никој не знае како се збогатиле и на што ги трошат своите пари! На жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со странци и новинари. Тие ретко зборуваат едни со други, па дури им е забрането и да го напуштаат селото. Кој ќе го направи тоа, губи се што има стекнато: куќа, автомобил и пари.


Златен кафез
Прашањето како Хуакси дошол до ова од сиромашно село сè уште е обвиткано во тајност. Официјалната верзија на нереалната трансформација вели дека Хуакси имал околу 600. жители во средината на 1950-тите. Било запоставено и сиромашно, со калливи патишта.
Просперитетот го овозможил Ву Ренбао, тогашниот секретар на Комунистичката партија, кој се одлучил за некаков експеримент за кој верувал дека ќе успее. Неговиот принцип бил дека клучните фактори за среќата на семејствата се мирот, домот и материјалната благосостојба. Со благослов на Пекинг, тој отворил неколку инвестициски компании со цел занемарената средина да ја претвори во гордост на кинескиот социјализам, што тој го нарекол „Првото село под небото“.

Првото село под небескиот свод
Инвестицијата (од 6,5 милијарди долари) брзо се исплатила, па селото станало мулти-секторска компанија чии сопственици, акционери, се самите селани. Создадени се нови работни места за жителите, а изградена е и придружна инфраструктура: училишта, болници и трговски центри. Во времето на „ослободувањето на пазарот“, селото преминало од земјоделство во трговија, а наместо приватна сопственост, била избрана јавна сопственост. Селото извезува во повеќе од 40 земји низ светот и е повеќе од успешно.
Денес, Хуакси има околу 2.000 регистрирани жители кои живеат во идентични луксузни вили изградени според моделот на странските, изградени се области за пешачење, хелиодроми и сите жители имаат по 250.000 американски долари во банка. Тие возат Мерцедес, БМВ и Кадилак. Тие имаат бесплатна здравствена заштита и образование.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 30.11.2022: Обидете се да бидете „позитивно наметливи“ или неизбежни во мерка до која е пожелна во емотивните средби…

Овен Љубов: Загрижени сте за настани кои вознемируваат блиска личност. Вложувате голем напор за да …