(МЕНИ) ДИЕТА НА ДОКТОР УГЛОВ ЗА ЖИВОТ БЕЗ БОЛЕСТИ: За две недели најмалку 5. килограми помалку но и…

Професорот и доктор Углов живеел 103 години, а во текот на поголемиот дел од својот живот ја одржувал истата тежина: 63 килограми!
Тој имал одлично здравје целиот свој живот. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот хирург во светот.
Професорот Углов тврди дека прекумерната тежина и премногу јадење се причина за многу болести. Сето ова може да се избегне, па дури и хируршки интервенции, само ако пациентите изгубат тежина.
Прекумерната тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта, го зголемува холестеролот и предизвикува проблеми со зглобовите. Д-р Углов верувал дека специјалните вежби можат да ја одржат телесната тежина во зрелоста, кога се очигледни проблеми со забавен метаболизам.


Самиот професор Углов достигнал длабока старост со добро здравје, благодарение на фактот што се придржувал кон лични утврдени правила:
– Висока активност, физичка и ментална;
– Ускласеност (работа и одмор);
– зацврстување (туширање со ладна вода);
– Соодветен сон најмалку 7. до 8. часа на ден;
– Потполна апстиненција од алкохол и тутун;
– Ограничување на храната.
Лекарот советува да се јаде разновидно, но во умерени количини. Јајцата, посното месо, рибата, зеленчукот, овошјето – ги сметал за најздрава храна. Тој советувал секојднедвно да се пие сурутка и вода.


Углов советувал целосен прекин на конзумација на бел леб и слатки. Тој препорачувал црн леб, најмногу 150 грама на ден. Тој исто така советувал да престанете да консумирате чадени и солени производи.
Оброците треба да бидат чести: јадете нешто најмалку 4 пати на ден, но во мали делови.
За да ослабне, Углов држел диета на секои два месеци. Тој ја нарекол „источна диета“. Тој рекол дека со помош на оваа диета ослабувал од 3. до 5. килограми, а тоа е одлично за чистење на организмот.
Исхраната на д-р Углов не бара броење калории и е исклучително лесна за држење.
Лекарот советувал да се јаде точно во минута, со цел да се одржи оптималниот интервал помеѓу оброците.


Секојдневна исхрана на д-р Углов:
9 часот  – црн чај или кафе со лажичка шеќер
11 часот – 1 варено јајце, осум суви сливи натопени во вода.
14 часот – 200 грама посно варено месо (пилешко, говедско, посно свинско месо), 100 грама свежа или варена зелка или моркови, 1 портокал.
17 часот – 30 грама тврдо сирење без маснотии, портокали или јаболка.
20 часот – 250 мл јогурт или кефир.


Покрај диетата, и ова придонесува и за слабеење:
Станете од масата ако се чувствувате сити. Ако се прејадете, тоа ќе влијае на вашата тежина.
Никогаш не легнувајте да спиете или одмарате после јадење. Веднаш штом јадете, веднаш одете на прошетка или нешто работете. Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење. По можност, јадете најдоцна во 20 часот. Вечерата секогаш треба да биде лесна и се препорачува да биде само чаша некој јогурт или млеко.
Дури и ако не сте христијанин, постете. Д-р Углов веруваше дека постот носи една корист! Повремено се откажувал од производи од животинско потекло, ја намалувал количината храна што ја јадел и веќе се чувствувал добро. Обидете се да го зголемите протокот на енергија – движете се колку што можете повеќе: одете на долги прошетки, не заборавајте да вежбате, ако вашата работа не е поврзана со физичка активност. Углов верувал дека храната со адитиви му штети на организмот. Колку е храната поприродна и поедноставна, толку е поздрава.
Пред да ја примените диетата на д-р Углов, не заборавајте да се консултирате со лекар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Огромна пајажина покрила австралиски градови

Огромна мрежа од пајаци ги покрила австралиски градови откако неодамна беа забележани големи поплави во …