(ВИДЕО) ДОКТОРИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ГИ УПРОПАСТИЛЕ – ПЕТОРКИ ДРЖАНИ ВО БОЛНИЦА КАКО ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Три пати дневно претставување на јавноста – не знаеле за живот вон установата!

Кога лекарот го искористил нивниот „потенцијал“, ги преземале родителите
Првата петорка за која се знае дека го преживеале породувањето и најраното детство, се родени во близина на селото Корбеил, недалеку од Северниот залив во Онтарио, Канада. Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили Дион се родени два месеци порано и повеќето стравувале дека, толку мали, нема да преживеат.
Сепак, тие беа донесени во свет од д-р Алан Рој Дафо, кој организирал други мајки да донираат млеко за да ги прехранат петмината, а се вклучија и медицинските сестри од канадскиот Црвен крст и – сите пет девојчиња преживеале.
Бебињата станале sвезди преку ноќ… и тоа било најлошото нешто што можело да им се случи!

Најголема „туристичка атракција“ во Канада
Семејството Дион било сиромашно. Таткото и мајката биле работници и едвај врзувале крај со крај. Доволно било Владата на Канада да процени дека девојчињата „немаат услови“ за правилен раст и квалитет на живот, па им го одзеле старателството на родителите доделувајќи му го на доктор Дафо, пишува порталот „The vintage news“.
И’ покрај фактот дека бебињата биле целосно здрави и добро згрижени, кога имале само четири месеци, тие биле сместени во специјално изградена болница. На прв поглед, оваа институција изгледала како и секоја друга болница, но имала и некои „спорни делови“ – простории што биле отворени за туристи, изгледале како забавен парк и во кои посетителите можеле да „ги гледаат“ петте девојчиња во играта или некои други дневни активности.
Местото наскоро стана познато како „Квинтленд“, а девојчињата биле најголемата туристичка атракција во земјата. Тие биле под постојан надзор и за нив се грижела армија медицински сестри и лекари кои вршеле бројни научни истражувања. Тие ретко гледале некој што не бил член на медицинскиот тим. Според сведочењето на оние кои се грижеле за нив, девојчињата научиле да кажуваат „лекар“ пред „мама“.
Секој момент од денот за петорките бил внимателно испланиран. Тие се појавувале пред посетителите три пати на ден, а бидејќи јавноста била многу заинтересирана за нив, наскоро се продавале и „сувенири“, од кои најпопуларни биле куклите направени по примерот на Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили.
Во периодот од 1934. до 1943. година, над три милиони луѓе го посетиле „Квинтленд“ и сè се одвивало со одобрение на канадските власти. Девојчињата се појавиле и во три холивудски филмови кои во суштина биле измислена приказна за нивните животи, а во 1939. година и биле претставени на идната британска кралица Елизабета Втора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …