Фудбалер во Италија починал среде натпревар одигран во спомен на неговиот брат

Италијанскиот фудбалер Џузепе Перино починал синоќа играјќи натпревар што бил организиран во спомен на неговиот покоен брат.
Како тинејџер, Перино бил член на Парма, кратко време, но поголемиот дел од својата кариера го поминал во пониските лиги. Тој имал 29 години.
Натпреварот се играше во Поџомарино во близина на Неапол во чест на братот на Перино, Рока, кој загинал во велосипедска несреќа пред три години.
За време на натпреварот, Перино паднал, а неговото тело било пренесено во мртовечницата, каде било утврдено дека причина за смртта е срцев удар.

Фото: Facebook/Sport Campania

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …