(ФОТО) ТРИТЕ ЛЕГЕНДИ НА ТЕРЕНОТ НА РОЛАН ГАРОС: Новак против Куевас, Рафа контра Гаске, а Федерер со Марин Чилиќ

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во четврток по 14.30 часот на теренот „Сузан Ленглен“ ќе го одигра натпреварот од второто коло на Ролан Гарос против Пабло Куевас, потврдија организаторите.
Пред Новак, на Ленглен се планирани дуели помеѓу Ана Ли – Елина Свитолина и Микаел Имер – Гаел Монфис. Од времетраењето на нивните натпревари зависи точно кое време ќе биде Ѓоковиќ на теренот. Во секој случај, нема да биде пред 14,30 часот.


На петтиот ден од турнирот во Париз ќе настапат и Роџер Федерер и Рафаел Надал. И двајцата на „Филип Шатрие“. Швајцарецот против Марин Чилиќ нема да започне пред 16, часот, додека дуелот помеѓу Шпанецот и Ричард Гаске е закажан околу 21, часот.



Претходно, Словенецот Алјаж Бедене игра со Диего Шварцман, а програмата ја отвораат Матео Беретини и Федерико Корија.
Кај дамите, Ешли Барти, првиот рекет во светот, околу пладне треба да игра со Магда Линет во Шатрие.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …