Федерер го совлада Чилиќ за третото коло на Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Ролан Гарос со победа над Хрватот Марин Чилиќ во четири сета.
Легендарниот играч, моментално осми на АТП-листата, го сруши 47-от рекет во светот со 6:2, 2:6, 7:6 (4), 6:2 за два часа и 38 минути на „Филип Шатрие“.
Шампионот на Отвореното првенство на Франција од 2009 година во борба за осминафиналето го чека Германецот Доминик Кепфер, кој со 3:1 го совлада Американецот Тејлор Фриц.

Роџер го отвори мечот фантастично против Чилиќ, освои пет од воведните шест гема и рутински го освои првиот сет.
Во втората следеше бесниот одговор на Марин. Раниот брејк му донесе предност на Хрватот од 3:0, која ја задржа и потоа израмни во сетови на последниот гем со нов брејк.

Третиот сет беше клучен. Федерер поведе со 3:1, Чилиќ потоа изедначи, па се отиде во тајбрејк. Таму 39-годишниот Швајцарец играше на повисоко ниво и по водството од 5:2 дојде до сет за пласман во следната рунда.
Добиениот брејк му донесе дополнителна самодоверба на Роџер. Во четвртиот сет, освојувачот на 20. грен слем титули додаде гас, го скрши Чилиќ за 4:1, а потоа без проблем ја заврши работата до крајот.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Виз Ер Скопски Маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и штафетниот маратон– ЕУ за спорт

Вчера вечер во Брик бар сеодржа доделувањето на наградите за тим билдинг трката, која беше …