(ФОТО) Принцот Вилијам загрижен дека Хари „ќе претера“

Принцот Вилијам е загрижен дека неговиот брат Хари може да отиде „чекор предалеку“ во неговите шокантни обвинувања против Кралското семејство, по последната епизода од неговата серија за менталното здравје.
Еден пријател рекол дека војводата од Кембриџ изразил дека е „разочаран“ и „многу загрижен“ по последните „бомби на вистината“ на принцот Хари, објави „Mail on Sunda“.
Неговото семејство се чини било погодено од неодамнешното интервју со Опра Винфри во серијата „The Me You Can’t See“ – и тоа поради „срамот“ што го чувствувал за своето ментално здравје.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (Updates) (@harry.dukeofsussex)


Во најновата епизода објавена во петокот, Хари и рекол на актерката Глен Клоус: „Како родители, како браќа и сестри, сигурно од она што го научив, има елемент на срам што го чувствуваме затоа што – како не можевме да го видиме тоа?“
„Но, сите знаеме кога луѓето страдаат и кога се борат, но сите ние сме неверојатно добри во прикривањето“, додал тој.

Изјавата следи по долгата низа обвинувања изнесени од војводата од Сасекс и неговата сопруга Меган Маркл – откако го напуштија кралското семејство на почетокот на минатата година.
Извор за време на викендот изјавил дека постои поголема загриженост во Бакингемската палата отколку страв дека ќе има дополнителни обвинувања.

Во претходното појавување на програмата, Хари го обвинил принцот Чарлс дека го оставил сам да претрпи траума од смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.
„Татко ми ни рече и на Вилијам и на мене: ‘Па, како што ми беше мене, така ќе биде и на вас“, тврди тој, додавајќи:
„Нема смисла. Само затоа што сте претрпеле не значи дека вашите деца треба да страдаат. Всушност, токму спротивното”.
Тој понатаму го обвини семејството за „тотално занемарување“ и не пружање никаква поддршка кога бил „малтретиран“ по објавувањето на неговата нова врска со Меган Тој рече дека неговиот живот е „кошмар“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …