Дојде и тој ден – се игра финалето во Лигата на шампионите (ТВ Арена спорт 1, 21 часот)
Пеп или Тухел? Маунт или Фоден? Хаверц или Де Брујне? Кој ќе ја освои Лигата на шампионите, Челси или Манчестер Сити?
Пред нас е англиското финале од најважното европско натпреварување, а може да се каже дека оваа сезона, двата тима кои покажаа најмногу, навистина стигнаа до борбата за пехарот.
Со ова, Пеп Гвардиола не само што ќе круниса феноменална сезона, туку и цела епоха, целата досегашна кариера во Манчестер Сити.
Тој пристигна во 2016. година, а досега има освоено бројни трофеи во Сити. Сепак, оној поради кој пристигна не го освои, а тоа е Лигата на шампионите. Сега тој имаше идеална сезона за него – проблеми што мораше да ги реши и со тоа да ја покаже целата своја креативност и генијалност.
Тој успеа да го реши својот проблем со напаѓачите со бројни „лажни деветки“, па Кевин Де Брујне, Рахим Стерлинг, Феран Торес, Ријад Марез,по ред „глумеа“ шпиц оваа сезона, а головите паѓаа како на лента.
🏆 🏆 𝐕𝐄𝐋𝐈𝐊𝐎 𝐅𝐈𝐍𝐀𝐋𝐄! 🏆 🏆
⚡️ ⚡️ Mančester Siti 🆚 Čelsi ⚡️ ⚡️
📺 𝐀𝐫𝐞𝐧𝐚 𝐒𝐩𝐨𝐫𝐭 𝟏 📺
⏰ 19:45h – Specijalni studio
👥 Gosti: Mateja Kežman i Aleksandar Rogić
🎥 Uključenja sa lica mesta
🎙️ @GoranSvilar⏰ 21:00h – 𝙐𝙏𝘼𝙆𝙈𝙄𝘾𝘼#UCLFinal #UCL pic.twitter.com/0P2q9x5TEo
— Arena Sport TV 🃏 (@arenasport_tv) May 29, 2021
Сега се очекува тимот на Пеп да ја посака топката во своите нозе, да се обиде да ги преземе работите во свои раце и да биде доминантен на овој натпревар.
Од друга страна, приказната е сосема поинаква. Роман Абрамович прилично ја отвори вреќата за скапи засилувања, но Френк Лампард не успеа во тоа и сезоната на Челзи се закани да пропадне. И тогаш пристигна Томас Тухел.
Тој беше избркан од ПСЖ откако ги донесе во финалето во Лигата на шампионите минатата година. Без него, ним не им процветаа рози, ја загубија титулата во Франција, а Тухел го оживеа Челси.
Не само што ги однесе во финалето на Лигата на шампионите, туку сезоната ја заврши во првите четири места во Премиер лигата. Многу играчи како Каи Хаверц проиграа, а притисокот што тој го наметна беше смртоносен за сите противници.
Тухел сега игра во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, а во Челзи се надеваат дека ќе ја повторат 2012. година. Потоа, како „пожарникар“ пристигна Роберто Ди Матео и ги однесе „сините“ до нивната единствена досега титула во Лигата на шампионите.
Дали можат да го сторат тоа? Ќе видиме вечерва!
Фото: Принтскрин/tvarenasport