МАКЕДОНИЈА ВО СОЛЗИ – Огромна трагедија го потресе македонскиот ракомет: Се удави репрезентативен голман!

Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонскиот репрезентативец, 26. годишниот Никола Даниловски.


Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство. Според информациите од охридската полиција, тој се водел за исчезнат од синоќа, а по него интензивно ноќеска трагале полицијата како и неговите соиграчи и блиски пријатели. Безживотното тело било пронајдено денеска во туристичката населба Лагадин во близина на Охрид.
Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.
Голманот на охриѓани беше постојано на репрезентативните списоци на Данило Брестовац и Кире Лазаров изминативе години, а во својата кариера покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и за Еурофарм Пелистер.

Извор:екипа.мк


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) АМЕРИКА ВО ЧУДО: Тениската легенда им ги отворила очите – Е, ова е Новак Ѓоковиќ!

НОВАК Ѓоковиќ неодамна беше депортиран од Австралија затоа што, според мислењето на властите, тој е …