ВО БЕЛГРАД СНИМИЛЕ ХАОС – Две девојки во автобус се степале, се влечеле по коса и врескале:„Бриши го бројот на мојот дечко!“

Патниците се заканиле дека ќе повикаат полиција, возачот се обидел да ги раздели, но ништо не ги спречило двете девојки физички да се пресметаат во автобусот. И’ сето тоа поради едно момче …
Патниците на автобуската линија 23. во Белград вчера беа сведоци на необична глетка. Двете девојки врескале една на друга, а потоа влегле во физичка пресметка. И’ сето тоа – заради едно момче.
„Избриши го бројот на мојот дечко“, извикувала упорно едната, а потоа се нафрлила на другата девојка и почнала да и ја влече косата.
Возачот потоа се вклучил во расправијата. Тој се обиде да ги смири.
– Ало, ало! Бегај од неа – рекол возачот. На снимката може да се видат и конзерви алкохол на подот од автобусот.
– Бегај од неа, дали слушаш што велам? – предупредил возачот.
Потоа се придружиле и други патници. Имало апели за повикување на полицијата, но и бројни навреди кон девојката која се спротивставувала на напорите на возачот и патниците конечно да се стави крај на конфликтот.


– Луда една, будала една. Срам да ти е, стоко една. Излегувај надвор, сега полицијата ќе – се слуша на снимката.
За Telegraf.rs, возачот ја опишал целата ситуација.
– Девојките се расправаа, ги замолив да бидат тивки. Тие продолжија, а потоа го запрев возилото и убаво ги замолив да го напуштат автобусот. Тие се игнорираа, а потоа почнаа да се тепаат пред мене, па се обидов да ги разделам. Кога патниците видоа дека не успеав, тие исто така се вклучија – изјавил тој.
На местото на настанот дошла и брза помош поради повреда на раката со која се здобил возачот.

loading...

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …