Иако обично ги знаеме од малите екрани и им завидуваме за нивниот гламурозен живот, славните имаат проблеми и тајни, како и сите ние.
Само што кога нивните скандали ќе станат јавни, тие треба да се справат со сето тоа пред целиот свет.
Подолу, прочитајте кои sвезди го привлекоа вниманието на медиумите со своето несоодветно однесување, измама или мрачни тајни што ги криеја долго време.
Рис Витерспун
View this post on Instagram
Холивудско милениче може да биде многу непријатно кога ќе испие неколку чаши отповеќе. Пред неколку години, полицаец го запрел автомобилот во кој се наоѓале таа и нејзиниот сопруг. За време на апсењето, пијаната Рис се заканила: “Дали го знаеш моето име? Наскоро ќе дознаеш која сум. Ќе бидеш на националните вести”, му рекла Витерспун на сообраќајецот, според извештајот за апсењето. Таа брзо се извинила и го издала соопштението: “Очигледно испив еден пијалок отповеќе и многу ми е непријатно поради работите што ги реков. Дефинитивно беше застрашувачка ситуација и бев исплашена за сопругот, но тоа не е изговор. Изразив непочитување кон полицаецот кој само ја вршеше својата работа. Имам само почит кон полицијата и многу ми е жал за моето однесување”, рекла оскаровката.
Кристен Стјуарт
View this post on Instagram
Талентираната актерка Кристен Стјуарт била во врска со нејзиниот колега Роберт Патинсон, кого го запознала во култниот филм „Сага на самракот“. Фановите на овој филм биле воодушевени од парот, кој ја пренесе љубовта од екранот во реалниот живот. Сепак, во 2012 година, „US Weekly“ и многу таблоиди објавија фотографии на кои Кристин разменува нежности и се бакнува со режисерот Руперт Сандерс. И двете љубови се поранешни денес, а Кристин моментално излегува со сценаристот Дилан Мејер.
Бар Рефаели
View this post on Instagram
Израелскиот суд ја осуди манекенката Бар Рафаели на девет месеци општокорисна работа, а нејзината мајка на 16. месеци затвор, со што заврши судењето за затајување данок што го наруши имиџот на поранешната национална икона. Бар и нејзината мајка Ципи Рефаели беа осудени во јули за кривични дела затајување данок на доход близу 10. милиони долари. Според договорот за признавање вина, прифатен од судот, им беше наредено да платат и 1,5 милиони долари, покрај милионите заостанати даноци што и ги должат на државата. Рефаели работела низ целиот свет низ годините, а израелскиот даночен закон го одредува престојот првенствено врз основа на тоа дали некое лице го поминало поголемиот дел од календарската година во земјата. Бар Рефаели тврдела дека не е во земјата, па затоа не морала да ги пријавува своите приходи во текот на одредени години. Обвинителите го одбиле нејзиното барање и ја обвинија за давање неточни даночни информации.