Пет заповеди за живот после короната

Короната ни покажа дека многу можности и навики ги сфаќавме здраво за готово и нè научи дека здравјето е сè уште многу важно. Со себе донесе разни тешкотии и непријатни моменти, осаменост, отуѓување, но и зголемена свесност за важни теми. Иако сè уште не е поразена, животот барем делумно се враќа во нормала, а со тоа доаѓаат и нови правила, односно заповеди…

Внимавајте кого бакнувате
Личната хигиена и социјалното растојание се меѓу главните теми од претходната година и ќе останат важни. Откако со години ги прегрнувавме и бакнувавме семејството и пријателите без страв, сега сме принудени контактите да ги сведеме на минимум. Дали прегратката и бакнежот се секогаш неопходни или доволно е ракување? Кој со кого е во контакт, особено за време на сезоната на грип? Сите овие прашања ќе одекнуваат во нашите глави во иднина.


Одвојте го деловниот од приватниот живот
Многумина започнаа да работат од дома и со тоа го изгубија физичкото растојание помеѓу работното место и домот. За некои, тоа предизвика мрзеливост и изговори за да не работат, а за други, манијакална посветеност на работата и синдромот „само уште ова да го завршам“. Сега е периодот на транзиција кога некој оди во канцеларија, а некој не, но важно е да се направи разлика помеѓу работното и слободното време – заради менталното здравје.


Не можете да живеете само на Интернет
Удобноста е добра и не е лошо да бидете мрзливи од време на време, да останете дома и да си удоволувате на различни начини. Но, животот, вистинскиот, се одвива надвор, меѓу луѓето и бара контакти. Како прво, тоа бара акција и движење затоа што нашето тело не сака пасивност на долг рок, а на нашиот ум монотонијата му е катастрофална. Затоа треба да направите планови и да ги користите сите можности што ви се дадени.

Работите на кондицијата
Карантин и работа од дома предизвикаа многумина да добијат тежина и да изгубат мускули од неактивност. Вежбањето дома не е лошо, но кога ќе се спореди со трчање, возење велосипед, пливање и одење во теретана, тоа не е тоа. Физичката форма е многу важна, а влијае и на целокупната состојба на организмот – подобар сон, нормален апетит и општа смиреност. Стресот, меѓу другото, доаѓа и од отсуство на физичка активност, а вашето тело ќе ви биде благодарно доколку работите на тоа.

Уживајте во секој сендвич
Не, ова не значи дека треба да се прејадете, туку дека треба да бидете свесни за секој залак и да уживате во него. Храната треба да донесе радост и да нè исполни, бидејќи на тој начин нема да претераме. А, таа свесност и уживање во нешто не се однесува само на храната, туку и на секое друго искуство, колку и да ни изгледа „обично“. Едноставно, дишете со полни бели дробови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да …