(ВИДЕО) Пред своето куче глумеле дека плачат…Тој ја имал најслатката реакција!

СОПСТВЕНИЦИТЕ на златниот ретривер Бејли, решиле да го тестираат кучето и да проверат колку е сочувствителен и пред него глумеле дека се тажни за да ја забележат неговата реакција.
Видеото стана хит на Јутјуб и собра повеќе од три милиони прегледи, а на него се гледа како Бејли првично збунето ги гледа сопствениците, како да се прашува што се случува, а потоа почнува да ги теши со надеж дека ќе ги расположи.
Тој им лаел, ги туркал со шепите и се галел со нив, а сопствениците не криеја колку неговата реакција ги развеселила.


Коментаторите имаа слично мислење, фалејќи го само кучето.
„Тој покажа повеќе емоции од многу луѓе што ги познавам“, напишал еден корисник.
„Ова видео докажува дека кучињата се суштества што имаат најголемо срце“, додал друг.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 21.10.2021: Искрените емоции секогаш имаат лековито дејство, задржете го вниманието на саканата личност…

Овен Љубов: Треба подобро да ги усогласите мислите и чувствата, со цел да го зачувате …