(ФОТО) Семејна трагедија на една „Ураганка“ пред финалето на Евровизија: Тажната вест ја КРИЕЛЕ ОД НЕА

На Ксенија Кнежевиќ, ќерката на Кнез, од триото „Ураган“ и починала блиска личност
Претставници на Србија, девојки од групата „Ураган“ го освоија 15-тото место на штотуку завршената Евровизија, а многумина се многу разочарани од ваквиот пласман бидејќи Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ беа омилени кај публиката поради песната „Локо локо“, заради настапите и прекрасната енергија.
Сепак, она што никој не го знаеше е дека на нивното појавување на сцената во Ахој Арената во Ротердам претходела семејна трагедија. Сепак, тоа не ги спречило да направат врвен спектакл, а потоа со кренати глави да се вратат во Србија.


Сепак, за Ксенија Кнежевиќ, една тажна вест го фрли нивниот успех во втор план, а тоа е смртта на нејзината баба. Бабата на Ксенија, од страна на мајка и починала пред последниот настап, а членовите на нејзиното семејство одлучиле да не и јавуваат, за да не ја вознемируваат додека сè уште трае натпреварот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Knez (@kneznenad)


– Не би коментирал ништо, навистина – рекол Ненад Кнежевиќ Кнез на прашањето да ја коментира оваа тажна вест и додал: Јас сум многу задоволен од пласманот, тоа е сè што можам да кажам.
Инаку, Ксенија е ќерка на Кнез од неговиот прв брак кој беше прекинат во 2013. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …