(ВИДЕО) Трагедија: 14-годишник починал на прославата на Атлетико

Прославата на титулата мадридски Атлетико се претвори во трагедија поради смртта на 14-годишен навивач на клубот.
„Марка“ пренесува дека момчето ја заглавило главата низ прозорецот на комбето, што било фатално бидејќи возилото одело покрај еден ѕид.
Брзината на движење сепак била фатална, лекарите го реанимирале повеќе од еден час, но на крајот можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Полицијата отворила истрага, а шпанските медиуми наведуваат дека момчето било во друштво на пријател и брат.
Тој, наводно, излегол да го развее клупското знаме низ отворен прозорец.
Имало и насилство, полицијата ги растерала навивачите, па дури и го разделила Луис Суарез и фудбалерите од навивачите.
Инаку, Атлетико преку драма стигна до титулата во последното коло.
Мадридскиот тим губеше од Ваљадолид со голот на План во 18-та минута, а Суарез донесе пресврт за 2:1 во 67-та минута, откако Ангел Кореа претходно израмни.
Атлетико до трофејот стигна со два бода повеќе од Реал.


Фото:Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …