(ВИДЕО) Град кој никнува среде ништо, живее два дена, а потоа исчезнува!

Гостите на фестивалот учествувале во разни креативни активности во согласност со темотр, кои се менуваат секоја година. Немало платени настапи и уметници, скоро и да нема правила и граници во физичкиот простор, а од публиката се очекува само добро расположение и авантуристички дух.
Секој посетител на добри фестивали ќе знае да одговори на ова прашање: кој е „градот“ што никнува среде никаде, живее два дена, а потоа исчезнува?
За да добиеме одговор, треба да се упатиме кон далечната Невада. Во пустината наречена Блек Рок резорт, во западниот дел на САД, недалеку од границата со Калифорнија, секое лето никнува т.н. Блек Рок Сити.
Неговите корени датираат од 1986. година, кога двајца пријатели во Сан Франциско направиле дрвена конструкција на човек, висок два метри и ја запалиле. Оваа атракција ги привлекла околните минувачи, па, соодветно, бил означен почетокот на еден голем проект.

Само неколку години подоцна, овој проект, наречен „Burning Men“, се настанил во пустината Невада.
Иако повеќето луѓе ќе го опишат како фестивал, организаторите сакаат да нагласат дека тоа е повеќе од фестивал.
Ова е спектакл насочен кон заедницата, уметноста, „радикалното самоизразување“, одговорноста и етиката на „оставање само на трагите“ за време на престојот во природа.
Гигантски инсталации, украсени велосипеди, телефонски штандови на кои пишува „Зборувај со Бога“, електронска музика, неонски украси, кои сигнализираат „сообраќај“ во пустинската прашина, илјадници посетители во инспиративни модни креации, се само некои од сцените кои можете да ги видите на овој фестивал.
Фестивалот стана толку популарен што можеби сте го виделе, можеби без да го знаете, тој беше прикажан во Саут Парк, Симпсонови, Малком во средина…

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …