(ВИДЕО) Пристигнале првите снимки од јаките земјотреси во Кина: Загинале најмалку три лица

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Јунан, при што загинаа три лица, а 27. беа повредени, јави денеска државната телевизија.

loading...

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, проследен со последователни потреси, објави CCTV..
Следел земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала
Државната телевизија цитира официјални лица кои пријавиле нарушување на некои сообраќајни линии поради уривање на неколку патишта и отворање на свлечишта, но нагласиле дека има струја, а работат и телефоните и интернетот.


Државниот медиум Global Times на Твитер објавил дека е прогласена вонредна состојба и дека се започнати операции за спасување во градот Дали во провинцијата Јунан, во кој живеат околу 134.000 жители и се наоѓа на околу 24. километри од епицентарот.
Вториот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди и провинцијата Кингхај во западна Кина во саботата.

Фото: Принтскрин/YouTube/CGTN


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …