(ВИДЕО) НОВ СЛУЧАЈ НА ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Притвореник се задушил додека полицајци клечеле на него

Притвореникот Вилијам Џенет починал откако неколку минути се борел за воздух и молел за помош додека полицајците го притискале и го држеле со лицето надолу, покажале новите видеа од затворот во американската држава Тенеси.
Во тужбата поднесена во октомври 2020. година и изменета во февруари годинава во име на семејството, ќерката на Џенет, Доминик, тврди дека нејзиниот татко починал како резултат на употреба на прекумерна сила од седум полицајци и задушување додека бил во притвор во затворот во округот Маршал по неговото апсење во мај 2020 година.
Според тужбата, полицијата го држела Џенет прикован на земја вкупно четири минути, а полицијата ги бранела своите постапки во инцидентот, со образложение дека тој бил крајно непослушен.
Државните обвинители ја затвориле истрагата за неговата смрт пред неколку месеци, а поротата што го разгледала случајот одлучила да не поднесе кривични пријави против полицајците.
Џенет бил уапсен под обвинение за пијанство, непристојно однесување и противење на апсењето. Во неговото тело бил откриен метамфетамин, а во затворските записи се наведува дека тој халуцинирал и бил под дејство на дрога.


Официјалните лица во извештајот навеле дека тој бил агресивен на денот на неговата смрт и дека тој не сакал да ги почитува наредбите на чуварите кои се обиделе да го смират.
Во тужбата на семејството се тврди дека за време на борбата што следела, полицијата му ставила лисици и го срушила со лицето на земја и го притискале, иако тој трипати предупредил дека не може да дише.
Во еден момент, на видеото се гледа како полицаец ги потсетува колегите на опасност од задушување поради положбата на затвореникот и ги замолува да го ослободат за да може да дише.
Градоначалникот на Луисбург, Џим Бингам, смртта на Џенет ја нарекол несреќен случај, изјавувајќи дека тој се однесувал вербално и физички насилно кон чуварите на затворот. Бингам не сакал да ја коментира тужбата поднесена од семејството против градот и областа.
Да потсетиме, смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во мај минатата година предизвика бран протести ширум Соединетите држави.
Поранешниот полицаец Дерек Шовин, клечел на вратот на Флојд скоро 10 минути при приведувањето, додека тој го молел да го пушти и рекол дека не може да дише.
Шовин, во април, беше прогласен за виновен за убиството на Флојд.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗИ, ИЗЛЕЗИ, НЕМА НИШТО ДА ТИ НАПРАВАМ! Жена ги фатила МАЖОТ и љубовницата, па направила хаос на УЛИЦА!

Случајни минувачи на улиците на градот Сантијаго во Доминиканската Република, биле сведоци на вистинска драма, …