Водителката Опра Винфри се расплакала за време на интервјуто со принцот Хари, додека се присетувала на ужасното искуство на повеќе силувања што ги доживеала од страна на постар братучед кога имала само девет години.
Таа во нејзината нова емисија за ментално здравје, „The Me You Can Not See“ зборувала за постојаната траума предизвикана од сексуалните напади на кои била изложена до 14-та година од животот, на која започна да работи во соработка со Хари.
Во првата епизода од нејзината нова емисија, Опра низ солзи зборувала за сопствената траума од детството, објаснувајќи дека не знаела ни што е секс и силување кога 19-годишниот братучед започнал да ја силува како дете.
Познатата водителка открила дека искуството ја научило дека младите девојки никогаш не се безбедни.
„На возраст од девет, 10, 11 и 12 години, ме силуваше мојот 19-годишен братучед“, рекла таа, додавајќи:
„Не знаев што е силување. Јас сигурно не бев свесна за тој збор. Немав идеја што е секс, немав идеја како се прават бебиња, не знаев ни што ми се случува. И ја чував таа тајна“, му рекла таа на Хари.
„И тоа е само нешто што го прифатив, дека девојчето не е безбедно во свет полн со мажи“, рекла таа.
View this post on Instagram
Опра претходно и ги откри на јавноста деталите за нејзината трауматска историја на сексуални напади што ги доживеала како дете, откривајќи дека неколку роднини, вклучувајќи го и нејзиниот вујко, ја малтретирале до нејзината 14 година – кога останала бремена и била испратена да живее со нејзиниот татко.
Но, нејзиниот прв силувач бил нејзиниот тогаш 19-годишен братучед, кој ја малтретирал неколку години. Никогаш не го открила неговото име.
View this post on Instagram
„Ме однесе во продавница за сладолед додека сè уште ми течеше крв низ нозете и ми купи сладолед“, открила Опра што се случило откако била силувана за прв пат.
Водителката истакнала и зошто е толку важно да се сподели што и се случило.
„Да раскажам приказна, и можноста да кажам гласно:’Тоа што ми се случи е пресудно’“, рекла таа.
Додека растела, Опра била изложена на други форми на злоупотреба, вклучувајќи физичко малтретирање од нејзината баба и запоставување на нејзината мајка.
„Начинот на кој мојата баба ме воспитуваше и ме камшикуваше на возраст од пет и шест години е морничав“, рекла таа и додала:
„Баба ми беше многу остра, како и многу црни родители во таа ера. Идејата да го прегрнете и сакате вашето дете или дури и да му дозволите на детето да се чувствува сакано, едноставно не беше дел од нејзиниот живот “.
Фото: Принтскрин/Instagram