Пред нас е богат викенд во Спорт клуб, каде, меѓу другото, не чека последното коло во Примера и Премиер лигата, Формула 1…
Во сабота не чека исходот од Примера, каде на СК 1 од 18 часот го следиме дуелот помеѓу Ваљадолид и Атлетико, додека на СК 4 можеме да следиме мултипренос на сите други натпревари.
Во недела последното коло го играат Англичаните, каде се води голема борба за местата што водат во Лигата на шампионите, како и онаа за Лигата на Европа. Сите натпревари се играат од 17 часот, а на СК 1 можете да го следите натпреварот помеѓу Лестер и Тотенхем.
На СК ХД е Манчестер Сити – Евертон, на СК 2 Астон Вила – Челзи и на СК 3 Ливерпул – Кристал Палас.
Овој викенд нè чека петтата трка во сезоната во Формула 1, Гран при на Монако, која можете да ја гледате од 15 часот на СК 1 во недела, квалификациите се денес (сабота) од 15. часот на СК 1.
Го следиме и продолжението на плејофот во НХЛ. Во саботата на СК 2 од 21.15 дуелот на NY Islanders и Pittsburgh, и на истиот канал од 01.10 часот по полноќ натпреварот помеѓу Торонто и Монтреал. Во недела на СК 1 од 20,30 часот Вашингтон против Бостон.
Во недела започнува и Дијамантската лига, а гледајте го преносот на првиот митинг од Гејтсхед на СК 4 од 20 часот.
Ова е само дел од „спортскиот колач“ што Спорт Клуб ја нуди за викендот, а комплетниот распоред можете да го видите тука.
Извор и фото: sportklub.hr