(Рецепт) Совршен пилинг за стапала кој можете и’ сами да го направите

Времето за сандали и голи нозе се ближи, што значи дека е вистинско време да ја поправите задебелената кожа на петиците. Добрата работа е што за тоа не ви треба секогаш козметичар, туку можете сами да направите домашен пилинг за стапала.

Масло од кантарион
Груба кожа на стапалата која се лупи, особено околу прстите и на петиците, во никој случај не е пожелна во топлите денови. За да се ослободите од неа, ќе ви помогнат две состојки. Ќе биде доволно да се измеша лажица шеќер и масло од кантарион (по можност домашно) во чаша. Со оваа смеса истријте ги стапалата, и тоа можете да го направите додека се туширате. Секое задебелување ќе исчезне и кожата ќе биде сјајна и мазна. Притоа, нема да ви треба специјален крем за стапала затоа што маслото од кантарион ќе ги нахрани. Повторувајте ја постапката еднаш неделно, доколку е потребно.

loading...

Лимон
Петиците можат да попуштат поради предолго стоење и поради недоволно внесување вода, поради дебелина, непријатни чевли… Без оглед на причината, пилингот од сок од лимон ќе ви помогне. Измешајте лажица кафеав шеќер, лажичка сок од лимон, лажица мед и маслиново масло и сè убаво измешајте.
Наполнете леген (вангла) со млака вода и држете ги нозете во него десет минути за да ја омекнете кожата. Потоа масирајте ги стапалата со смесата што сте ја направиле, а потоа исплакнете со млака вода.


Јаболков оцет
Јаболков оцет има големо влијание на нашата кожа, па дури и на кожата на нозете. Од него, петиците ќе бидат кадифени, и ќе ви помогне со упорните габички.
Истурете млака вода во леѓен, а потоа додадете чаша јаболков оцет. Држете ги нозете во водата додека не почне да се лади, а потоа избришете ги стапалата со мека крпа и поминете ги со турпија. На крај, намачкајте ги со крем по ваш избор, по можност оној со пантенол, алое вера или вазелин, и обујте потенки памучни чорапи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …