Се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија, а претставничките на Србија, групата „Ураган“, се пласираа во финалето на натпреварот. Три енергични девојки ја кренаа целата сала на нозе изведувајќи ја својата песна ‘Локо Локо’.
Заедно со „Ураганките“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ, член на српскиот тим во Ротердам е и поранешната победничка Марија Шерифовиќ, која на својот Инстаграм профил сподели видео на кое девојките се радуваат на големиот успех.
View this post on Instagram
Целиот тим скокна од радост кога ги слушна како минуваат, викајќи: „Рокај“ и веејќи го српското знаме.
Покрај Србија, втората полуфинална вечер ја поминаа и Албанија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска. На првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.
На нив ќе им се придружи т.н. големата петорка: претставници на Германија, Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија, земјите што даваат најголем финансиски придонес кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира Евровизија, и претставник на земјата домаќин.