(ФОТО) Археолозите во ШОК! Во античка Помпеа откриле остатоци од ресторан за БРЗА ХРАНА!

Археолозите пронашле остатоци од античка зграда за која се верува дека бил ресторан за брза храна.
Во 2019. година, археолозите откриле остатоци од еден вид ресторан за брза храна во античка Помпеа. Сепак, пронајдените урнатини во тоа време не биле целосно истражени.
На крајот на минатата година, истражувачкиот проект продолжил. За време на истражувањето и ископувањата детално биле откриени сцени од мртва природа и слики од животни кои најверојатно биле продавани таму.
Благодарение на исклучителното зачувување на изгледот и шарените цртежи, археолозите успеале да го вратат целосниот изглед на овој „ресторан“.


Делови од живина и коски од животни кои биле откриени во контејнери вградени во тезгата, во кои имало храна наменета за продажба, го поддржуваат тврдењето дека станува збор за еден вид ресторан на „брза храна“.
Покрај цртежите на животни, откриена е и фреска на Нереид, морска нимфа што јава коњ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pompeii (@pompeii_parco_archeologico)

Во термопилите во античка Помпеа, каде се служеле пијалоци и варена храна, храната се чувала во големи садови вградени во тезгата, исто како од фотографиите.
Ваквите тезги биле вообичаени во римскиот свет, бидејќи било вообичаено да се јаде прандиум или оброк надвор од куќата. Само во Помпеа имало околу осумдесет тезги.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за понеделник, 08.08.2022: Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“…

Овен Љубов: Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите љубоморна сцена. …