Седум совети како да го усовршите вашето тело за една недела

Ако им се восхитувате на „извајаните“ момци и девојки од големите екрани, знајте дека зад тоа стои тајна, седумдневна стратегија за усовршување на телото со седум клучни совети – не е само уредувањето на фотографиите што е одговорно за нивниот изглед. Без разлика дали планирате одмор во последен момент или нешто друго, постои метод што можете да го следите за вашите мускули да изгледаат како да се завиткани само во кожа.

Почнете полека
Еве ја суровата вистина: ако веќе не ги гледате стомачните мускули, прво треба да ги намалите телесните масти. Планот се применува првенствено за губење на вишок вода, што ја попречува дефиницијата на телото, па ако стомакот ви „виси“ на половината, ќе ви треба повеќе од една недела за да се ослободите од него.


Броење калории
За да го усовршите вашето тело за една недела, еве ја пресметката за внесувањето: консумирајте грам протеин и 10-11 калорија за секој половина килограм од вашата тежина. Околу 20 проценти од тие дневни калории треба да бидат од маснотии, а остатокот од јаглехидрати. Не заборавајте да ги одземете протеинските калории што ги консумирате и од вкупно дозволените пред да го пресметате бројот на јаглехидрати.


Елиминирајте ги алергените
Можно е да сте изгубиле значителни маснотии консумирајќи храна како млеко, пченичен леб и нискокалорични засладувачи, но за да го усовршите вашето тело за една недела, намалете ги и нив. Дури и најмала иритација на вашиот дигестивен систем може да предизвика надуеност и задржување на водата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕЦЕПТ ЗА БРЗО СЛАБЕЕЊЕ: Наместо вечера, јадете го ова! 

Следете ги овие совети и килограмите сами ќе исчезнат Ако сакате да изгубите тежина, тоа …