(ФОТО) ЕП ВО ФУДБАЛ – Убава вест за навивачите на македонската фудбалска репрезентација: Во Букурешт со негативен ПЦР тест – Еве ги деталите!

Капацитетот на стадионот во Букурешт ќе биде ограничен од една четвртина до една третина и засега не се знае колкав број билети ќе бидат на располагање на македонските државјани.
Навивачите на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги следат настапите на нивните миленици на Европското првенство во Букурешт доколку покрај обезбеден билет, имаат и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа при влезот во Романија, или пак имаат потврда за примени две дози на вакцини против Ковид 19.
Престојот во Романија нема да биде ограничен на три дена, бидејќи претходната одлука дека државата мора да се напушти по 72 часа од влезот веќе не важи.
Билетите за натпреварите на „црвено-жолтите“ се пуштени во продажба и можат да се набават преку веб-страницата на УЕФА.
Капацитетот на стадионот во Букурешт ќе биде ограничен од една четвртина до една третина и засега не се знае колкав број билети ќе бидат на располагање на македонските државјани.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Букурешт ќе играат со Австрија на 13. јуни и Украина на 17. јуни, додека на 21. јуни во Амстердам ќе се сретнат со холандскиот национален тим.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во …